ФУДБАЛ

Винисиус: Мбапе? Како што беа Лео и Роналдо порано, кој не би сакал да биде со него?

Постојано се зборува за потенцијалниот трансфер на францускиот напаѓач Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а еден од клучните соиграчи на Мбапе во случај на тој трансфер би бил младиот Бразилец Винисиус Жуниор. Тој е многу возбуден поради тоа што негов колега во офанзивата би можел да биде одличниот Французин.

Винисиус ја игра најдобрата сезона во кариерата – во Ла Лига на 11 натпревари постигна седум гола и три асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна два гола на три натпревари и забележа две асистенции.

„Секој играч на светот би сакал да игра со Мбапе. Тој е одличен играч, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси во тие години. Тој претставува нова генерација и долги години ќе биде на врвот на европскиот фудбал“, изјави 21-годишниот Винисијус Униор .

„Кога дојдов во Реал, притисокот беше голем бидејќи платија многу пари за мене, а јас бев многу млад. Можеби тоа ме погоди. Тренерите во клубот знаеја дека со искуство ќе стекнам и самодоверба. Секогаш бев мирен и не ми беше гајле што ќе кажат другите за мене, а денес е исто. Слушам и учам од другите и мислам дека не сум најдобриот фудбалер на светот. Постојано напредувам“, изјави бразилскиот фудбалер.

Килијан Мбапе е една година постар од Винисиус , а од доаѓањето во француската престолнина за ПСЖ, одигра 185 натпревари, на кои постигна 138 гола и 69 асистенции.

ПОВРЗАНО

Ла Лига