ФУДБАЛ

Винисиус: Мојата храброст му помага на Реал Мадрид кога губи

Sвездата на Реал Мадрид, Винисиус Jуниор инсистира на тоа дека не се плаши да ја земе топката кога неговиот тим е под голем притисок и доживува тешки моменти.

Реал Мадрид – кој го купи бразилскиот напаѓач во 2018 година за 45 милиони евра од Фламенго – се потпира на него како ѕвезда на иднината.

Винисиус откри во едно интервју што го мотивира и каков е како личност и како фудбалер.

„Мојата храбра природа му помага на тимот кога губиме или ни оди тешко. Не се плашам дека ќе ја изгубам топката и играм слободно“, изјави Винисиус за британскиот магазин „ Гафер “ .

„Јас секогаш ќе бидам таков, за луѓето да ми веруваат. Јас би рекол дека моето најсилно оружје е дека секогаш имам чист ум. Никогаш не се предавам. Никогаш. Јас секогаш силно го бранам она во што сум убеден“, додаде тој.

Овој 20-годишник досега има 20 настапи за тимот на Зинедин Зидан оваа сезона во сите натпреварувања, асистираше со три гола и три асистенции.има учинок од три асистенци и исто толку гола.