ФУДБАЛ

Винисиус: Сакам да го испишам името во историјата на најголемиот клуб

Младиот Бразилец Винисиус Јуниор веќе се етаблираше како еден од поважните играчи на Реал Мадрид, но не е задоволен од тоа, сака да остави подлабока трага.

– Сакам да го запишам моето име во историјата на Реал Мадрид, најголемиот тим во светот. Сите овде ме сакаат, јас сум многу добро примен и тие прават сè за да ми помогнат – рече Винисиус .

Тој ја истакна улогата на Зинедин Зидан во неговиот развој како играч.

– Секој ден учам од Зидан, тој е одличен тренер. Ми даде и голема самодоверба, научив сè што е поврзано со полето и тактиката. Сега сум сосема поинаков играч, но со истите карактеристики како порано. Сакам да продолжам да играм за Реал, постигнувајќи голови, освојувајќи титули.