Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа во живо го следеше дербито од 32. коло во Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик, кое го реши Уругваецот Федерико Валверде со гол во третата минута од судиското надополнување.
Во финишот на натпреварот Валверде постигна феноменален гол кој беше доволен за трите бода на Мадрид и продолжување на трката со Барселона за титулата шпански првак.
Неговиот гол го воодушеви и српскиот тенисер, кој беше на трибината на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде заедно со семејството го следеше мечот.
