Екипата на Металург доживеа убедлив пораз од Висла Плоцк на првиот од двата меча во ЕХФ Европа лига кои ќе се одиграат во Полска. Резултатот на крајот гласеше 38:19. Со половина тим, Металург толку можеше, а се знаеше дека Висла е фаворит и пред одигрувањето на овој меч. Македонскиот претставник таму отпатува само со 11 ракометари, од нив тројца се голмани.Најфикасен на мечот беше Жита со седум голови, додека Серафимов и Поповиќ за Металург постигнаа по пет. Вториот меч се игра во вторник во 18:45 часот.