Владата на Република Македонија денес го потпиша првиот дел од договорите за реализација на проекти за спортска инфраструктура, покривајќи седум проекти во шест општини: Центар, Битола (со два проекта), Кавадарци, Чашка, Вевчани и Демир Хисар. Вкупната инвестиција во оваа фаза изнесува над 3,5 милиони евра. Проектите кои се вклучени се:
– Реконструкција на спортска сала Работнички (втора фаза) – општина Центар
– Санација на Јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ – општина Битола
– Реконструкција на отворен базен – општина Кавадарци
– Изградба на спортска сала – општина Чашка
– Реконструкција на парк – општина Вевчани
– Подобрување на условите за спорт и рекреација на младите преку изградба на тениско и кошаркарско игралиште – општина Демир Хисар
– Изградба на центар за спорт и рекреативни активности – општина Битола.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, изјави дека ова е само почеток, бидејќи во следниот период се планира дополнително користење на средствата со цел натамошно подобрување на спортската инфраструктура во земјата.
