Премиерот Ковачевски пред летот Порто ги поздрави нашите најдобри фудбалери им посака успех во дуелот со фаворитот Португалија и им вети премија од половина милион евра за пласман на Светското првенство.
„Здраво шампиони Она што го направивте е е резултат на макотропна работа. Одлучено е да имате 500.000 евра премија од владата за пласман на СП. Многу среќа“ истакнал Ковачевски.
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија со чартер лет од скопскиот аеродром замина за Порто на историскиот финален натпревар од баражот за пласман на СП 2022 против Португалија кој се игра во вторник од 20-45 часот на стадионо „Драгао“ во Порто.