Рускиот претседател Владимир Путин (69) изминативе недели беше во центарот на вниманието поради конфликтната ситуација со Украина.
Путин е познат како човек кој сака спорт. Особено ужива во хокејот и боречките вештини, а често знаел да се испроба и кај познатите руски натпреварувачи.
Тој е сопственик на црн појас во џудо. Постојат бројни снимки на кои тој го тренира овој спорт и има работено со некои од најдобрите борци што ги поседува неговата земја.
Сепак, џудото не е единствената боречка вештина позната на рускиот претседател. Тука се и познатите самбо и киокушин, па со право може да се каже дека Путин е многу опасен човек надвор од политиката.
Самбо е дисциплина која изминативе години ја слават ширум светот дагестанските ММА борци, особено Хабиб Нурмагомедов, а не е познато колку рускиот претседател го достигнал ова ниво на знаење.
https://youtu.be/0lxMglj8LuM
Киокушин, од друга страна, најмногу наликува на каратето, па Путин може да се пофали дека е многу „образован“ кога се во прашање боречките вештини.
Путин е некој што не би сакале да го сретнете на улица.