Најголемото засилување на Јувентус во јануарскиот преоден рок, Душан Влаховиќ треба да биде стартер на следниот натпревар против Верона.
Оваа информација ја пренесоа медиумите на Апенините. Се очекува покрај српскиот напаѓач од стартот да настапи уште едно засилување, Денис Закарија.
Од друга страна, „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Пауло Дибала треба да стартува од клупата за резерви. Наводно ова е потенцијална пауза поради репрезентативна акција и долгото патување од Јужна Америка.
Останува да видиме дали тоа ќе важи само за Верона или пак Влаховиќ ќе го избрка Дибала кој не го продолжи договорот, а се погласни се шпекулациите дека на лето ќе замине во Интер како слободен играч.