ФУДБАЛ

Влезе Бруно и со мајсторија го исфрли Ливерпул од ФА купот!

Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето на ФА купот откако вечерва на „Олд Трафорд“ го победи Ливерпул со 3-2 во одличен натпревар.

За разлика од првенствениот натпревар каде не видовме скоро ништо (0:0), вечерва на „Олд Трафорд“ беа постигнати дури пет погодоци.

Прв погоди Ливерпул. Се играше во 18-та минута кога Мо Салах ја искористи одличната асистенција на Фирмин и погоди за 0:1 .

Радоста на гостите траеше само осум минути. Во 26-та минута од натпреварот Мејсон Гринвуд погоди за 1:1 по одличното проигрување на Рашфорд.

Со овој резултат заминаа на одмор, а на самото отворање на вториот дел Јунајтед поведе. Рашфорд и избега на одбраната на Ливерпул и погоди за 2:1 .

Ливерпул брзо се врати. Јунајтед имаше водство десет минути, а за гостите во 58.минута, Салах погоди повторно за 2:2 .

Ливерпул тогаш имаше добра шанса да го врати мечот, но не успеа да постигне гол.

Затоа Јунајтед. Се играше во 78. минута кога Бруно Фернандес постигна феноменален удар од слободен удар и им донесе победа на „црвените ѓаволи“ од 3:2 и пласман во следната фаза од ФА купот.