Како што пишуваат шпанските медиуми Реал Мадрид за две години планира да ангажира млади фудбалери, сегашни ѕвезди, кои би биле иднината на клубот. За следното лето се спомнуваат Килијан Мбапе и Камавинга, но она што ќе биде главна „операција“ во летниот преоден рок во 2022-та е напаѓачот кој ја воодушеви Европа, Ерлинг Халанд.
Со игрите кои ги покажува во Борусија Дортмунд нема да биде лесно да го купат, барем не за мали пари, а веројатно поради тоа ќе се чека 2022-та бидејќи и Реал Мадрид, како и многу европски гиганти финансиски се погодени од коронакризата.
Халанд е планиран како наследник за Карим Бензема, а токму во 2022-ра година на Французинот му истекува договорот со Реал Мадрид.