ФУДБАЛ

Во Англија го враќаат правилото за петте смени

Англиската Премиер лига објави дека одлучила да го врати правилото за пет смени, кое стапи на сила во мај 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Последователно, Англија одлучи да не го задржи ова правило, иако светската фудбалска централа ФИФА и европското раководно тело – УЕФА дозволија да се применува.

Сега, сепак, клубовите повторно решија да го вратат прописот, кој се уште е во сила и поголемиот дел од првенствата во Европа.

Во Англија, правилото за пет смени беше суспендирано бидејќи помалите клубови протестираа со образложение дека им дава предност на побогатите тимови поради нивните подолги клупи.

Клубовите денеска го одобрија и времетраењето на летниот преоден рок кој годинава ќе се отвори на 10 јуни, а ќе се затвори на 1 септември.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига