За Баерн веќе постојано се случува во еден момент да има повреди на некои од клучните играчи, па Баварците знаат да се најдат во неволја.
Така беше и оваа сезона кога во еден момент тие се решија на нешто очајнички потег по повредите на Серж Гнабри и Кингсли Коман.
Имено, тие испратија покана од Минхен до Арјен Робен да се реактивираат и да му помогнат на тимот. Холанѓанецот одговори во негатива иако имаше желба.
„Тие ме поканија да се вратам. Сакав, но на крајот решив да не го сторам тоа“, изјави Робен за „Билд“.
Робен го носеше дресот на Баерн цели десет години. Во тој период тој одигра 309 натпревари и постигна 141 гол. Се пензионираше минатото лето.
Легендарниот Холанѓанец имаше и понуда од Бразил по пензионирањето, но Фламенго доби идентичен одговор како Баерн.