Фудбалерите на Ливерпул очајно влегоа во 2021 година, а тоа е најмногу поврзано со резултатите што ги бележат на „Енфилд“.
„Црвените“ беа поразени од Челзи на домашен терен во четвртокот со 1:0, и тоа беше петти последователен пораз на „Енфилд“ што никогаш не му се случило на овој клуб од неговото постоење.
Сепак, сето ова е особено тешко за Тијаго Алкантара, кој летово пристигна во Ливерпул како големо засилување од Баерн Минхен.
За Тијаго претходниот дел од сезоната во однос на натпреварите на „Енфилд“ беше вистински хорор и тој сигурно не можеше да сонува за тоа кога дојде во овој клуб.
Имено, Тијаго пропушти одреден дел од играта поради повреда, а на домашен терен во дресот на Ливерпул забележа шест натпревари и неверојатно е што не ја почувствува сладоста на победата.
Тијаго претрпе дури пет порази и едно реми на „Енфилд“ со Ливерпул, а сепак не знае како е да се победи. Тој досега одигра вкупно 17 натпревари за „црвените“ оваа сезона и нема постигнато гол или асистенција.