ФУДБАЛ

Во Баерн се горди: Лукас Хернандез на сите им даде задача да жонглираат ролна тоалетна хартија (ВИДЕО)

Жонглирањето со ролна тоалетна хартија стана голем хит на социјалните мрежи.

Фудбалерите од целиот свет се обидуваат на секој начин да ја „убијат досадата“ за време на домашната изолација која трае веќе некое време заради пандемијата на коронавирус.

Предизвикот за жонглирање со ролна тоалетна хартија, во кој се вклучени познати фудбалери, е започнат на социјалните мрежи.

Сега дојде на ред играчот на Баерн, Лукас Хернандез, кој покажа дека знае како да се справи со тоалетна хартија. Овој предизвик се подигна на ново ниво и погледнете како изгледаше во видеото подолу.