Екипата на Барселона ќе се обиде да потроши што е можно помалку пари ова лето, но и да донесе најдобри можни засилувања.
Каталонскиот гигант има сериозни економски проблеми поради пандемијата на коронавирус, па наместо да купуваат играчи, решија одредени имиња да дојдат со размена.
Главните мета на тимот од „Камп Ноу“ се напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез и играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, а управата на каталонскиот клуб прави се за да ги донесе во своите редови.
Седум играчи ќе бидат искористени ова лето во потенцијални замени. Нивните имиња ги откри весникот „Спорт“, а тоа се Нелсон Семедо, Самуел Умтити, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Јуниор Фирпо, Карлес Алена и Рафиња.
Сите беа отпишани од „Камп Ноу“. Ќе биде вистинско чудо ако некој од нив се најде во дресот на овој тим следната сезона, и ќе видиме какви играчи Барселона ќе може да донесе во замена за нив.
Главните цели се Пјаниќ и Лаутаро, но прашање е дали ќе дојдат со понудените имиња.