Барселона не ја отвори новата сезона во Примера на најдобар начин. Седум одиграни натпревари и 11 поени со ефект од три победи и по два порази и реми се аларм.
Во Барселона се свесни и дека сезоната не се отвори како што се очекуваше, а според странските медиуми, тренерот Роналд Куман побарал засилување во јануари.
Холандскиот стручњак е на мислење дека на тимот му недостасуваат двајца играчи на позициите стопер и напаѓач, но со оглед на тешката финансиска состојба, прашање е дали неговите желби ќе бидат исполнети.
“Разговараме цело време и сите знаеме кои позиции треба да ги засилуваме. Бараме напаѓач и стопер”, рече Куман и на прашањето дали клубот треба да реагира на пазарот поради повредата на Ансу Фатија, тој рече:
„Не мора да потпишуваме играч поради неговата повреда”.