На само 20 километри од вилата каде се наоѓа Кристијано Роналдо, беа забележани неколку случаи на инфекција со коронавирус.
Роналдо се самоизолира со семејството во Мадеира, Португалија, а на само 20 километри од неговиот „скривалиште“ има 12 позитивни случаи на коронавирус, што би можело да ја загрижи sвездата на Јувентус, пред се затоа што има неколку постари и болни луѓе како неговата мајка во неговото семејство , кој неодамна доживеа мозочен удар.
Градот од 18.000 жители кој се наоѓа западно од Фуншал, каде сега живее Роналдо и неговото семејство, стана мало жариште на вирусот што го мачи целиот свет. Тој најпрво се појави во Кина на крајот на годината, а потоа се шири во остатокот од светот.
Што се однесува до мерките во Португалија, ситуацијата не е толку лоша таму, но карантинот е задолжителен до 2. мај.
Роналдо не го почитува целосно она што го бараат надлежните, затоа претходно беше виден како шета со својата сопруга и децата, тренираше на стадионот Мадеира и неодамна присуствуваше на забавата на 21-годишна внука на која присуствуваа голем број членови на неговото семејство. Тоа е оправдано со фактот дека „се обидува на секој начин да се заштити себеси и своето семејство и генерално одржува социјална дистанца“.
Во Португалија се пријавени 20.206 случаи на инфекција со коронавирус, додека 714 починале.