Интер денес официјално потврди дека Кристијан Ериксен е ново засилување за клубот.
Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем за 20 милиони евра и потпиша договор до летото 2024 година. Денес тој веднаш се најде во центарот на вниманието поради неговиот избор на број.
Поточно, Ериксен го облече дресот со број 24, а навивачите на Интер веруваат дека тој го сторил тоа во чест на Коби Брајант, кој трагично загина во неделата во хеликоптерска несреќа.
Сепак, данскиот играч и Интер сè уште не ги потврдија или негираа овие шпекулации.
