Лионел Меси синоќа дебитираше за ПСЖ.
Навивачите на ПСЖ со недели го чекаа дебито на својот нов идол, а тоа се случи синоќа во Ремс. Аргентинецот стана од клупата во 57. минута и почна да се загрева, па почнаа аплаузите и се скандираше „Меси, Меси“, а тој се смееше и ги поздрави.
Десет минути подоцна, тој влезе во игра и помина малку повеќе од 25 минути на теренот. Иако немаше забележителен ефект, гол или асистенција, сепак доби позитивни коментари и оценки од француските медиуми. Она што го забележаа пред се е одличната соработка помеѓу Меси и Килијан Мбапе, и „безбедност во играта и покрај неколкуте погрешни додавања“.
„Покажа дека се уште е во добра форма со разбирањето на соиграчите на теренот“, пишува весникот „Монд“.
„Му недостасуваше прецизност во неколку додавања, но од време на време покажуваше ветувачка соработка со Мбапе“, пишува L’Equipe.
Соработката помеѓу Французинот и Меси ја забележаа и новинарите на Ле Паризиен, кои постојано ја потенцираа размената на додавања помеѓу двајцата играчи.
“Штом влезе на теренот, неговите први допири на топката донесоа мир во тимот. Дури и за Меси секогаш е важно да има добро деби. Тој има енергија, личност која секој ја чувствува и која влијае на другите играчи”. изјави францускиот вицешампион тренер Маурисио Покетино, по натпреварот на ПСЖ против Ремс.
„Доволно беше Аргентинецот да излезе на терен за да го направи резултатот на вечерта анегдота во натпревар што ќе замине во историјата“, додава „Л’Екип“.
По завршувањето на натпреварот, дури и голманот на Ремс побара од 34-годишникот да се фотографира со својот син. Се е снимено со камери.
https://streamable.com/cyhoc2
На крајот, ПСЖ победи со 2-0 со головите на Мбапе и има максимални 12 поени на стартот од новата сезона.
Сега парижаните заминуваат на „одмор“ и играчите се свртуваат кон репрезентативни акции, а за две недели со нетрпение го очекуваме новиот изглед на Меси.