Португалскиот фудбалер Пепе сигурно ќе остане запаметен како еден од најтешките дефанзивци во светот на фудбалот.
Најдобриот дел од својата играчка кариера Пепе го помина во Реал Мадрид со кој освои речиси се што можеше, а потоа реши да се врати во Португалија каде потпиша за Порто за кој настапува и денес.
Овој искусен дефанзивец забележа и 123 натпревари за португалската репрезентација и јасно е дека успеа да оствари доста забележителна кариера.
Но, и покрај сите успеси на клупски и репрезентативен план, јасно е дека Пепе ќе остане запаметен како еден од најпргавите играчи. Пепе е познат како „жесток тип“ во светот на фудбалот, но откри приказна од детството и младоста која баш и не го покажува тоа.
Имено, португалскиот дефанзивец даде интервју за локалната Tribuna Expresso каде зборуваше за растењето.
Десетина години живеел со семејството во Бразил, а потоа дошле во Португалија. Но, тој ги шокираше сите со тоа што призна дека спиел во кревет со родителите додека не го прославил својот 17-ти роденден.
„Дојдовме во Португалија кога имав 17 години. Спиев со моите родители во кревет и замислете како беше (рече низ смеа). Во тоа време веќе бев голем дечко и спиев со моите родители. Можам само да замислам дека татко не му се допадна тоа, рече Пепе и додаде.
„Татко ми не беше често таму, па се чувствував побезбедно кога спиев покрај мајка ми. Не знам дали од нешто се плашев, но беше баш така. Кога дојдовме во Португалија ја добив мојата соба и креветот и почнав да се чувствувам безбедно кога спиев сам“.
39-годишникот порасна во Алагоан, Бразил, а со доаѓањето во Португалија кариерата ја продолжи во Маритим. Подоцна играше за Порто, Реал Мадрид и Бешикташ. Тој се врати во Порто на почетокот на 2019 година.