Јувентус беше еден од главните кандидати за трансфер на Раул Хименез, но се чини дека нема да има ништо од тоа.
Причината е цената што ја поставија од Вулверхемптон за нивниот прв напаѓач, а токму тоа ќе го расипе неговиот трансфер во Италија.
Според англиските медиуми, „Волците“ сакаат околу 60 милиони евра за Хименез, и не сакаат размена на играчи.
Во Јувентус сметаат дека тоа се премногу пари за ваков напаѓач, и дека имаат подобар во Наполи во форма на Милик, и тоа за многу помалку пари.
Имено, Наполи бара 40 милиони евра за Милик, но прашање е дали тој е подобар напаѓач од Раул Хименез, кој игра одлично оваа сезона.
Тој има постигнато 22 гола на 44 натпревари оваа сезона и забележа десет асистенции, а дошол во редовите на „Волците“ од Бенфика за 41 милиони евра.