Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи потврди дека сите го сака Пол Погба, но дека неговото враќање е исклучено.
Францускиот репрезентативец, наводно, е многу несреќни на Олд Трафорд и би сакал да се врати во Јувентус, но во Торино ги отфрлиа ваквите тврдења.
“Многу го сакаме Погба, имаме одредена врска со него, но никогаш не размислувавме да го вратиме, ниту ќе размислиме”, рече Паратичи, додавајќи:
“Сергеј Милинковиќ-Савиќ? Тој е одличен играч, но гарантирам дека нема преговори, ниту со него, ниту со неговиот тим”.
Имаше прашање и за Кристијано Роналдо.
“Кристиано е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот и неговото заминување очигледно ќе промени многу работи во Мадрид. Тој е одличен професионалец и сега има голема поддршка од Јувентус”, рече тој.