Со голем ентузијазам, во Барселона денеска го дочекаа и официјалното потпишување на Миралем Пјаниќ.
Бх играчот од средниот ред потпиша на четири години и доаѓа од Јувентус, додека во Торино замина Артур Мело, со фактот дека на крајот Јуве ќе им плати на Каталонците 10 милиони евра. На „Камп Ноу“ знаат многу за 30-годишниот Пјаниќ, а телевизијата на клубот подготви краток филм со 10 работи што навивачите треба да ги знаат за нивниот нов миленик.
Се наведува дека е роден на 2 април 1990 година, ги следел стапките на татко му и дека неговиот татко играл во Дрина од Зворник. Понатаму се споменува дека е роден во Луксембург, но дека подоцна играл за БиХ и дека во дресот на таа земја оствари 62 настапи со 15 погодоци.
Телевизијата Барса потсетува дека го направи своето деби во ЛШ во дресот на Лион, против Барселона, против кој досега играше седум пати и оствари една победа, три реми и три порази, и дека по Меха Кодра стана вториот Босанец кој играше за каталонскиот гигант. На крајот, беше објавено дека тој бил грижлив татко на неговиот син Един.
Целосното видео можете да го погледнете овде , но прво мора да се регистрирате на веб-страницата на Барселона.