ФУДБАЛ

Во Лестер знаеја да го прославата историскиот резултат (ВИДЕО)

По големиот пресврт, фудбалерите на Лестер се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.

Во реваншот од четвртфиналето го совладаа ПСВ со 1:2 и по ремито во првиот натпревар 0:0 освоија билет за полуфинале и дуел против Рома.

ПСВ поведе со голот на Захави во 27. минута по додавањето на Геце. Во продолжение подобрата игра на Лестер, вистината беше дека ПСВ имаше свои шанси, а израмнувањето на гостите им го донесе Медисон со гол во 77. минута на асистенција на Перез.

Се играше во 88. минута кога Переира погоди за 1:2 и се покажа дека го доближи Лестер на чекор до европското финале.

За Лестер ова е историски резултат бидејќи никогаш досега не биле во полуфинале на европско натпреварување, а по последниот свиреж на судиите знаеја како да го прослават во Ајндховен со своите навивачи, а на стадионот на ПСВ имаше солидна група на симпатизери од Англија.

Лестер сега ги очекува Мурињо и неговата Рома во полуфиналето, а другата полуфинална двојка од премиерното издание на Конференциската лига на УЕФА ја сочинуваат Феенорд и Марсеј.