Англиската sвезда стана мета на најголемите клубови во Премиер лигата, додека Манчестер Јунајтед се чини дека е фаворит за трансфер на играчот на Борусија Дортмунд.
Манчестер Јунајтед е оптимист во врска со трансферот на Џејдон Санчо.
Сепак, „црвените ѓаволи“ прво мора да се квалификуваат во Лигата на шампионите, а потоа да се обидат да ја пренесат англиската sвезда, пишува британскиот весник „Мирор“.
Тимот од „Олд Трафорд“ моментално е на петтото место во Премиер лигата, но би можел да се пласира во ЛШ доколку биде потврдена осудата на Манчестер Сити од УЕФА за не присуство во следната сезона.
За англискиот талент интерес покажаа и Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити.
За офанзивниот играч од другите лиги заинтересирани се и ПСЖ кој се подготвени да дадат 150 милиони евра.