На Новак Ѓоковиќ не му беше лесно во 3. коло на УС Опен, бидејќи Ласло Џере одигра неверојатен тенис кој можеше да му донесе сензација.
Оттука, не е чудно што Ѓоковиќ во одредени моменти од мечот покажа нервоза, како што беше случајот на стартот од четвртиот сет, кога му се развика на Горан Иванишевиќ.
– Така кажи, бреееее – викна Новак по една двојна грешка, за подоцна да го загуби тој гем.
— Ricardo Kaka (@rikardons) September 2, 2023
На крајот од 0:2 дојде до 3:2 и се пласираше во осминафиналето каде го чека Хрватот Борна Гојо.
