Челниците на Милан се подготвени да направат значителна разлика во нивниот тим ова лето и конечно да се вратат на врвот на италијанската Серија А.
Росонерите веќе неколку сезони не се во можност да се вратат на старите патеки на славата, но се чини дека ова лето конечно решија да инвестираат огромна сума пари за да донесат големи засилувања.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Милан ова лето има голем „сон“, а тоа е напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. Аргентинецот во моментов игра на позајмица во ПСЖ, но како што стојат работите, парижаните нема да го откупат неговиот договор.
Овој 26-годишник стана голем проблем за Интер поради неговото однесување, поради што е пречкртан во тимот. И покрај тоа што се надеваа дека ПСЖ ќе го откупи неговиот договор затоа што тој беше брилијантен во првиот дел од сезоната, на крајот не чини дека тоа нема да се случи.
Икарди ќе се врати во Интер во текот на летото, но тие сакаат што поскоро да се ослободат од него. Како што стојат работите, градскиот ривал Милан, кој подготви понуда за Аргентинецот, ќе се обиде да го доведе.
Одејќи во Милано, Икарди би „убил две муви“ бидејќи неговата сопруга Ванда не сакала да се исели од овој град. Интер се спремни да го пуштат Аргентинецот во редовите на лутиот ривал, но за сума од 80 милиони евра.