ФУДБАЛ

Во моментов не сакаат да се поврзуваат со Русите: Шалке 04 го симна името на главниот спонзор од дресот

Германскиот гигант Шалке 04 го тргна името на Газпром од дресот.

Руската компанија е главен спонзор на тимот од Гелзенкирхен веќе 15 години, но поради сите случувања и нападите на Русија врз Украина, одлучено е името на оваа компанија да го нема на дресовите до дополнително известување.

“Шалке одлучи да го отстрани натписот на Гаспром од дресовите. Се решивме на овој чекор поради моменталната ситуација. Одлуката ја донесовме по разговорите со Гаспром Германија”, се вели во соопштението на клубот.

Наместо натписот на Газпром, германскиот гигант на дресот ќе го носи името на клубот.

Треба да се напомене дека и германскиот магазин Билд одлучи да ги отстрани сите реклами на Газпром од написите за Шалке.

Фотографиите на играчите на овој тим со натпис Газпром беа пречкртани со зборови на поддршка за Украина.