Од Италија пристигнуваат големи вести дека веќе легендарниот Антонио Конте би можел да го преземе тимот на Милан, пренесуваат тамошните медиуми.
Конте во текот на кариерата водеше неколку екипи во Италија: Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, Интер, а покрај тоа работеше и со италијанската репрезентација.
