ФУДБАЛ

Во Наполи не доби шанса за деби, а денес вреди 60 милиони евра?

Не е невообичаено клубовите да сфатат какви „драгоцености“ имаа во своите редови, кога ќе заблескаат во целосна слава на некое друго место.

Еден пример е Челзи, кој без многу размислување ги испушти Салах и Де Брујн, денес две големи sвезди на светскиот фудбал.

Секако дека има слични примери каде и да се свртиме, на пример Карлос Винисиус, 25-годишниот бразилски напаѓач.

Наполи го донесе Карлос Винисиус пред две години од португалскиот Реал СЦ, за околу четири милиони евра. Сепак, бразилскиот напаѓач не доби шанса да го направи своето деби за Наполи, кој го испрати на неколку заеми пред да го продаде во Бенфика минатото лето (17 милиони евра).

За Винисиус, само една сезона во Бенфика беше доволна да покаже каков играч е, па постигна 20 голови и забележа 12 асистенции на 36 настапи.

Како што се очекуваше, интересот на бројните европски клубови пристигна веднаш, а португалските медиуми сметаат дека неговиот евентуален трансфер би можел да достигне бројка од 60 милиони евра.

Наводно, Волверхемптон е подготвен да потроши 60 милиони на Винисиус, ако Раул Хименез го напушти „Молинукс“. Секако, постои и интересот на Манчестер Јунајтед, за кој веќе се пишуваше.