Хозе Калјехон скоро сигурно ќе го напушти Наполи на крајот, бидејќи му истекува договорот.
Како што стојат работите, Калјехон ќе се врати во Шпанија откако ги помина претходните седум години на Апенините. 33-годишниот играч одигра 338 натпревари за Наполи и успеа да постигне 80 голови и да додаде 77 асистенции.
Калјехон пристигна во италијанскиот клуб од Реал Мадрид и тоа се покажа како вистински потег. Тој скоро сигурно го напушта Наполи ова лето затоа што неговиот договор истекува на крајот на овој месец.
Клубот не му понуди нова соработка, но Калјехон ја покажа својата љубов кон Наполи со неговиот потег што ги остави навивачите без зборови.
Имено, Калјехон му понуди на клубот да остане до крајот на сезоната, без оглед на тоа што неговиот договор истекува на 30 јуни. Тој дури рече дека ќе игра бесплатно, а кога ќе заврши сезоната ќе бара нов клуб.
Така, Калјехон ќе остане без приходи за јули и август затоа што Калчомеркато пишува дека клубот едноставно не може да го отфрли ваквиот предлог.