Фудбалската федерација на Македонија ги отвора и источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески” за натпреварот Македонија – Исланд од квалификациите за СП 2022.
100 денари е цена на билет за источната и западната трибина.
Влезниците можат да се купат преку MkTickets
Мечот се игра в недела со почеток во 18 часот. Со победа против Исланд, Македонија ќе се пласира во баражот за пласман на СП во Катар следната година.