ФУДБАЛ

Во ноќта на рекордот, Роналдо се посрамоти: Иако го носи епитетот „вонземјанин“, тој сепак е само човек (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо стигна до неколку нови рекорди во неговиот прв настап на ЕУРО 2020.

Португалецот во првото коло ја победи Унгарија со убедливи 3-0. Натпреварот во Будимпешта не беше воопшто лесен како што покажува резултатот, со оглед на тоа што тој погоди во самиот финиш на натпреварот.

Херој на победата беше Роналдо кој го постигна вториот и третиот гол на натпреварот. За првиот гол ја затресе мрежата од белата точка, а потоа и по одличното двојно додавање. Тоа беше вкупно 11-ти погодок на Европските првенства.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата со тоа стана најдобар стрелец во историјата на Европските шампионати, покрај тоа влезе во историјата како единствен фудбалер кој играл на пет различни турнири и постигнал барем по еден гол на секој.

Сè започна во 2004 година во Португалија, потоа продолжи во Австрија и Швајцарија и Полска и Украина, додека шлаг на тортата пристигна во Франција пред пет години кога Португалија стана европски шампион.

На крајот, Роналдо имаше одличен „ден на работа“, но во последните минути од првото полувреме беше доста засрамен и покажа дека сепак е само човек.

Имено, по одличен центаршут одлево, топката падна на шеснаесетникот, стигна до искусниот напаѓач кој шутираше високо над голот.

Вакво нешто е дефинитивно ретко во неговата кариера, неговата реакција и грабнување за главата кажува доволно дека тој самиот беше изненаден од овој неуспех.

Во второто полувреме, Португалецот сепак успеа да слави, па Роналдо брзо ќе го заборави ова, според неговите стандарди, нереално промашување. Следниот тест ќе биде во сабота на 19 јуни против Германија.