Сампдорија и Интер денеска одиграа одличен натпревар, а овој дуел од третото коло во Серија А заврши со поделба на бодовите, односно резултат 2:2.
Актуелниот шампион Интер ја бараше третата последователна победа, но Сампдорија знаеше како да одговори на играта на избраните играчи Симоне Инзаги и на крајот да освои вреден бод, втор оваа сезона.
Интер поведе во 18. минута. Чалханоглу освои слободен удар на добра позиција, а младиот Димарко постигна еврогол.
Сепак, Сампдорија се врати во 33. минута. Јошида шутира, топката се одби од Един Џеко, го измами Хандановиќ и заврши во мрежата. На крајот од првото полувреме Интер повторно поведе.
Барела убаво го проигра Лаутар Мартинез, а Аргентинецот постигна одличен гол. Само што започна второто полувреме, Аугело успеа да го совлада Хандановиќ со 2:2.
Интер се обидуваше да победи до крајот, имаше добри прилики, но мрежите повеќе не се тресеа.
Интер со седу поени оди на второто место, а сега „нероаѕурите“ ќе се свртат кон дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
https://streamable.com/5qu9x5
https://streamable.com/cb8j9x
https://streamable.com/rfua7u