Френки де Јонг е голема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ прави се за да го убеди играчот од средниот ред на Барселона да дојде на „Олд Трафорд“, но сите разговори се залудни бидејќи Де Јонг е многу заинтересиран да остане во Барселона.
Неговото останување не им се допаѓа на раководството на Барса. Тие со задоволство би го продале за да се ослободат од огромниот договор што го има 25-годишниот играч од средниот ред, а Јунајтед е подготвен да им ја понуди фигурата што ја сака на „Камп Ноу“.
Очигледно Јунајтед гледа нешто посебно во Де Јонг, па решиле да му понудат неверојатна бројка која би го направила еден од најплатените фудбалери во Англија.
Дејли Мејл наведува дека на холандскиот играч за врска му била понудена неделна плата од 550.000 евра, но Јунајтед е подготвен да му ги даде 20-те милиони евра кои Барселона му ги должи според договорот.
Каталонците поради финансиски проблеми имаат одредени долгови кон фудбалерите. На Де Јонг му должат дури 20 милиони евра и тоа е доста проблем за тимот од Камп Ноу.
Ова е понуда која Барселона не може да ја одбие, но ќе биде тешко да се убеди Де Јонг да го напушти клубот.