Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и е незапирлив од неговото доаѓање во англиската Премиер лига.
Напаѓачот на Манчестер Сити веќе постигна 20 гола оваа сезона, а последен е во победата од 5-0 над Копенхаген во средата во Лигата на шампионите. Едноставно се чини дека нема лек за силниот и брз норвешки напаѓач.
На социјалните мрежи се појави „петиција упатена до британската влада со која се бара исфрлање на Норвежанецот од Премиер лигата бидејќи е „робот“.
Секако, тоа нема да се случи, но гестот на Англичанецот уште еднаш ги докажува ретките квалитети на Халанд и „магијата“ за која е способен.
Наводната „петиција“ стана хит на интернет и беше забележана од соиграчот на Халанд од Сити, Ајмерик Лапорте, кој веднаш се вклучи во забавната дебата.
Лапорте ја пречкрта „Премиерлигата“ и стави „фудбал“, па во неговиот случај петицијата гласи: „Петиција да се отстрани Ерлинг Халанд од фудбалот затоа што е робот“.

Халанд му се приклучи на Сити од Борусија Дортмунд ова лето, наследувајќи го дресот со број 9 од Габриел Жесус откако Бразилецот се пресели во Арсенал.
Норвешката суперѕвезда е на пат да постигне рекорд во Премиер лигата бидејќи тоа што го прави на теренот е нереално.
Ниту Норвешка не се пласираше на Светското првенство во оваа зима, што значи дека наскоро ќе има еден месец одмор и ќе биде целосно подготвена за Премиер лигата и предизвиците во Лигата на шампионите.
Извештаите во Шпанија објавија дека во договорот има клаузула според која Халанд може да замине во Реал Мадрид во 2024 година за намалена сума, но набрзо од Етихад сето тоа го демантираат.
Тоа не е вистина“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот против Копенхаген.
„Тој не доби откупна клаузула за Реал Мадрид или за кој било друг тим. Тоа не е точно, тоа е се што можам да кажам. Гласините, луѓето велат, не можеме да го контролираме. Секогаш треба да се грижиме што можеме да контролираме. Навистина добро се адаптира и имам чувство дека е неверојатно среќен овде. Ќе се обидеме, со сите луѓе кои сакаат да останат тука, да ги направиме среќни. Тоа е најважно“, додаде Пеп.
“На крајот, никој не знае што ќе се случи во иднина. Важно е дека тој совршено се смести овде, тој е среќен и сите го сакаат неверојатно. Тоа е најважното”, изјави Гвардиола.