Перу за два дена ќе игра бараж натпревар против Австралија.
Чекаме уште двајца учесници за да го комплетираме списокот на репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.
Едниот ќе го дознаеме на дуелот меѓу Костарика и Нов Зеланд, а другиот на дуелот меѓу Австралија и Перу.
Двата натпревари ќе бидат многу интересни и неизвесни, особено овој на Перу и Австралија, а во јужноамериканската земја сега се е посветено на баражот.
Перуанските власти одлучија 13 јуни да го прогласат за национален празник бидејќи репрезентацијата игра „историски натпревар“.
„Министерскиот совет одлучи цел ден да биде празник за да може нашите луѓе да ја гледаат репрезентацијата како оди на Светското првенство во Катар. Тоа ќе ги мотивира луѓето да се организираат, можат да излезат на улица за да се обединат во овој голем момент. Сметаме дека тоа е настан на единство, национализам и национален идентитет и од кој корист може да има приватниот сектор“, објасни министерот за култура Алехандро Лалас.
Дуелот меѓу Австралија и Перу се игра на стадионот во Ал Рајан во понеделник од 20 часот.