Многу фудбалери се заразени со коронавирус. Во последните неколку дена, додека траат репрезентативните активности, над 30 играчи од 12 различни земји беа позитивни на опасниот вирус.
Луис Суарез е само еден во низата играчи кои се позитивни на коронавирус, а позитивен е и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. Затоа, тој ќе ги пропуштат преостанатите натпревари на Уругвај и Египет, но и натпреварите со клубовите.
Понатаму, 10 играчи од репрезентацијата на Украина имаат коронавирус и затоа мечот Швајцарија – Украина, кој требаше да се игра вечерва во Луцерн, е одложен.
Јужна Кореја објави дека четири нејзини членови се позитивни на коронавирус.
Селекторите на некои земји се исто така позитивни. Швеѓанецот Јане Андерсон, како и Италијанецот Роберто Манчини и селекторот на Унгарија, Марко Роси.
Прегледот на ВГ покажува дека најмалку 30 играчи од 12 различни репрезентации кои престојуваат во Европа и Јужна Америка биле дијагностицирани со инфекција во последните седум дена, а најновите тестови само го зголемуваат тој број.