ФУДБАЛ

Во ПСЖ бесни, во Баерн се смешка откако беше комплетиран трансферот на талентираниот Французин

Младиот и талентиран фудбалер Танги Куаси (18) нема да продолжи да соработува со ПСЖ и наводно веќе избрал нова дестинација.

Неговиот договор истекува до крајот на месецот, а според француските медиуми, тој нема да остане во Париз, а сега пристигнала „потврда“ дека оди во Баерн Минхен.

Наводно, сè е договорено и младиот стопер, и покрај тоа што директорите на ПСЖ се „бесни“, веќе му кажа на Баерн дека доаѓа.

Куаси има одиграно вкупно 13 натпревари за првиот тим на ПСЖ оваа сезона и има ефект од три постигнати гола.

Покрај Баерн, за него беа заинтересирани и Борусија Дортмунд, како и неколку други големи клубови.