Искусниот германски играч за врска, Тони Крос (32) има уште една година договор со Реал Мадрид.
Крос е еден од најискусните играчи на Реал и Германецот со кралевите освои дури пет трофеи во Лигата на шампионите, а во клубот е од 2014 година кога дојде од Баерн за 25 милиони евра.
Реал преговараше со играчи на кои договорот им истекува ова или следното лето. Оние кои беа отпишани, веќе си заминаа од тим како Марселo или Герет Бејл, кои имаа договор до крајот на минатата сезона, додека Лука Модриќ го продолжи на уште една година.
Во интерес на Мадрид е да го задржат Крос, но тој со одговорот ги изненади челниците на клубот.
Имено, поранешниот германски репрезентативец изјави дека одлучил да нo ги продолжи договорот со Реал, и дека е подготвен да чека бидејќи не сака да биде товар на клубот. Тој смета дека најдобро е да го виде неговиот настап во следната сезона и врз основа на тоа заедно со клубот да донесеме конечна одлука.
На овој начин Крос покажа џентлменски манири и едноставно му порача на клубот дека ако му треба, ако не му треба, ќе си замине без обештетување…
Ова е речиси незамисливо во денешниот свет на фудбалот каде што фудбалерите „летаат“ по договори и пари.
Ова не е првпат Крос да ги остави без зборови клупските челници, кои можат мирно да спијат, бидејќи ако треба, Германецот ќе потпише договор „иста секунда“ кога ќе му кажат дека тоа е неопходно следната сезона.