ФУДБАЛ

Во Реал Мадрид сите тестови за Ковид-19 се негативни

Добрата вест ни доаѓа од Мадрид.

Сите фудбалери на Реал, како и стручниот штаб се негативни на Ковид-19, беше објавено денес.

Тие извршија тестирање како што нареди Ла Лага, како дел од предусловите за враќање на тренинзите и со оглед дека сите се негативни, ќе се вратат на тренинзите во понеделник.

Од вчера е познато дека сите играчи на Барселона се негативни и тие веќе се вратија на тренинг утрово.

Во Шпанија, околу 2.000 тестови ќе бидат користени за фудбалери, тренери и друг персонал од Ла Лига и Сегунда. Утрово беше објавено дека по досегашните резултати, веќе имаме пет позитивни случаи. Федерацијата претходно објави дека очекуваат помеѓу 25 и 30.

Бундеслигата откри 10 позитивни случаи за време на тестирањето спроведено пред неколку дена.

Шпанската Ла Лига сè уште нема добиено дозвола за продолжување, но сите се надеваат дека тоа ќе се случи во наредните денови и дека првенството ќе продолжи на почетокот или на средината на јуни.

Лидер на табелата е Барселона со два бода повеќе од Реал.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаБундеслига