Челзи го постигна третиот гол против Реал Мадрид, кој на крајот не беше признат.
Реал го загуби Ел Класико со 0-4 пред неколку недели, но вечерашниот пораз од Челзи може да биде уште поболен.
Кралевите губеа со 0:2 на 20 минути пред крајот, а во 63. минута го примија и третиот гол, но ги спаси ВАР технологијата.
Маркос Алонсо ја затресе мрежата, а судијата покажа на центарот.
Сепак, по прегледувањето на ударите, се покажа дека топката на Алонсо удри во неговата рака и голот беше поништен.
За потсетување, вкупниот резултат е 3:3 и според моменталната ситуација ќе се играат продолженија …