ФУДБАЛ

Во Торино Душан Влаховиќ беше најавен на спектакуларен начин, а познато е кој број ќе го носи

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ доаѓа во Јувентус, се чека само официјална потврда.

По полусезона од соништата во дресот на Фиорентина, Влаховиќ доаѓа во редовите на италијанскиот великан Јувентус, кој беше подготвен да му плати 75 милиони евра.

Во Фиренца, Влаховиќ го сметаат за голем предавник, но не можел да ја пропушти можноста да се приклучи на клубот за кој сонувал како дете.

Торинки Тутоспорт веќе го „претстави“ како играч на Јувентус, а на насловната објави негова слика и го претстави како новиот Кристијано Роналдо.

Тие пренесуваат дека Влаховиќ ќе го носи бројот 7, исто како и Роналдо, но дека може да добие деветка доколку Мората замине во Барселона на зима.

Се верува дека Влаховиќ нема да биде единственото засилување на Јувентус во јануари и дека клубот ќе продолжи да се засилува во сезона полна со турбуленции.

Инаку, трансферот на Влаховиќ кој во Италија дојде од Партизан летото 2018 година се очекува да биде официјализиран во следните денови, а во дресот на Фиорентина постигна дури 17 голови на 21 натпревар во Серија А, оваа сезона. Има и три гола на три настапи во Купот, вкупно 20 гола на 24 натпревари и четири асистенции. Фантастичен настап на Србинот…

ПОВРЗАНО

Серија А