Манчестер Сити потфрли на Сити Граунд во Нотингем, одигра само 1:1 против Форест, а бесот и незадоволството не го криеше бекот на шампионот на Англија, Кајл Вокер.
– Прво отидовме на Емирати и игравме како што игравме, а потоа дојдовме овде и ги истуривме бодовите. Тоа е неприфатливо. Ако сакаме да се бориме за титулата овде, мора да победиме. Мора да завршиме подобра работа како тим во одбраната на голот – изјави Вокер.
Десниот бек на англискиот шампион му постави офсајд замка на Вуд за израмнувачкиот гол, но Рубен Диас задоцни. Сега Сити заостанува два бода зад Арсенал и има натпревар помалку.
