🐺 Increíble. ¡Un perro lobo suelto en #MilanoCortina2026!
😵⛷️ Impresionantes imágenes del precioso animal asaltando la recta de meta del esquí de fondo pic.twitter.com/6UDasqhrJD
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) February 18, 2026
Хрватската претставничка во скијачко трчање на Олимписките игри во Милано/Кортина, Тина Хаџиќ, не успеа да се пласира во финалето, но во квалификациите доживеа сцена за паметење. Младата хрватска скијачка, во тандем со Ема Собол, настапи во квалификациите на екипниот спринт во слободен стил, но не успеа да обезбеди пласман во финалето.
Во финалето се пласираа 15-те најдобри двојки во екипна конкуренција, а хрватскиот тандем го освои 19. место во квалификациите со време од 3:42.57.
Сепак, 21-годишната Тена Хаџиќ на овие Игри доживеа посебно искуство кое ќе го памети до крајот на животот.
Во последните 100 метри од трката по патеката ја бркало куче – чехословачки волчјак – кое се откачило од поводникот. За среќа, не ѝ создаде проблеми и не ја попречи во настапот. Ова куче многу наликува на волк, па голем број од присутните беа вчудоневидени од сцената.
