ФУДБАЛ

„Вотката стана мојот најдобар пријател во Мадрид“

Поранешниот холандски интернационалец Весли Снајдер во својата автобиографија, која ќе биде објавена в петок во Холандија, призна дека не бил баш професионалец додека играл за Реал Мадрид.

Снајдер е роден во Ајакс, но во 2007 година се пресели во Реал Мадрид. Таму не се прослави, па отиде во Интер со кого ја освои тројната круна. Подоцна играше за Галатасарај, Ница и на крајот од кариерата за Ал-Гарафа во Катар.

“Бев млад и го сакав успехот и да бидам во центарот на вниманието. Но, работите тргнаа наопаку. Немаше дрога, туку алкохол …живеев како sвезда. Ме обожуваа како играч на Реал Мадрид, одевме низ улиците и им давав пари на луѓето“, рече Снајдер.

“Останав сам по разводот со сопругата и ја гледав многу малата Џеси (ќерка). Шише вотка стана моја најдобра пријателка. Се разбудив наутро мислејќи дека се е во ред, дека никој нема да разбере што јас правев и тоа никој нема да го забележи, но ме правеше да бидам подобар“.

Тој потсети на денот кога штотуку потпиша за Реал Мадрид.

“Мијатовиќ, кој беше спортски директор, ме извести за трансферот. Тој беше со мојот агент, извади парче хартија од џебот. Пишуваше – три милиони по сезона. Договор за пет сезони. Заработував бруто милион во Ајакс. „Земи или„ Оди “, рече тој. Го земавме без размислување, а трансферот беше затворен за 27 милиони евра“, рече Снајдер.