Миралем Пјаниќ би можел лесно да го напушти Јувентус ова лето.
Веќе со денови се пишува како Пјаниќ би можел да замине од Јувенус, и дека фудбалерот од средниот ред го сакаат најголеми шпански тимови, Барселона и Реал Мадрид, а се споменува и потенцијален трансфер во Манчестер Сити.
Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ е подготвена да се откаже од Пјаниќ. „Corriere dello Sport“ тврди дека веќе е најдена замена, а тоа е фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Данецот зад себе има неколку фантастични сезони во дресот на лондонскиот клуб. Тој привлече големо внимание, и ако останат без Пјаниќ, „Бјанконерите“ ќе се обиде да го ангажира овој фудбалер.
Многу е лесно може да се завршат овие промени во редовите на Јувентус. Пијаниќ е многу баран играч, додека Јувентус ја покори Италија и можеби е подготвен за поголеми предизвици.
Идентична е ситуацијата со Ериксен, кој е на мета на многу клубови, вклучувајќи ги, и Реал, и Барса.