На мечот Вест Хем-Барнли, Никола Влашиќ помина низ вистински кошмар што почна да плаче од мака.
Во еден безопасен дуел на средината на теренот, Влашиќ се обиде да му ја одземе топката на Ешли Вествуд која заврши на тревата и веднаш побара лекарска помош.
Се испостави дека играчот на Барнли има скршеница на ногата. Дојде до целосен раскин што го фрли Влашиќ во очај.
https://twitter.com/i/status/1515689954214621185
Хрватскиот репрезентативец веднаш почна да плаче, а соиграчите се обидоа да го утешат бидејќи сигурно немал никакви намери.
Натпреварот беше прекинат на осум минути. Вествуд беше изнесен од теренот на носилки по што беше префрлен во болница.
https://twitter.com/i/status/1515688440146374662
Иако стартот беше безопасен, јасно е дека оваа сцена долго ќе го прогонува Влашиќ …