Славен Белупо објави фотографии од својот играч Музафер Ејупи кој во Копривница бил претепан со железна шипка.Во целос го пренесуваме соопшението објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Нашиот играч Музафер Музо Ејупи е пуштен на домашно лекување, во неговиот дом во Копривница и се опоравува од сериозениот физички напад и телесните повреди што ги претрпе пред два дена. Какви „мали“ повреди може да се видат на приложените фотографии. Сакаме да му посакаме на Муса брзо закрепнување со што е можно помалку последици и да се вратиме во нашата соблекувална и зелените тревници што е можно побрзо за да ги добиеме најдобрите резултати заедно.
https://www.facebook.com/nksb1907/posts/2408206339275896
Музафер Ејупи во моментов настапува за тамошниот фудбалски клуб Славен Белупо. Во својата кариера има играно Вардар, Металург, Шкендија, Турново, Осијек. Има настапи за македонската репрезентација до 21 година, но и за сениорите.